МВР санкционира 78 возачи во Драчево, 18 од нив за брзо возење

Во времето од 10:00 до 16:00 часот на 17 март полициски службеници од ОБПС Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во областа на сообраќајот во населба Драчево во Скопје. Притоа санкционирани се 78 возачи, од кои 18 возеле побрзо од дозволеното, деветмина биле без возачка дозвола, тројца возачи управувале нерегистрирано возило, а еден возел под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.