МВР пресече: Личните карти со „Република Македонија“ важат до рокот на истекување

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека личните карти со натпис „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 12 февруари, односно до рокот на нивното истекување. 

Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.  

Од таму ги информираат граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „Република Македонија“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година.