Пожарот што избувна сабајлево во депо на Македонски железници каде горат стари вагони бил локализиран за подоцна повторно да избувне.
Од МВР информираат дека вчера во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“ каде имало неисправни стари вагони и локомотиви.
„Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал“, велат од МВР.
На терен се противпожарни екипи кои работата на гаснење на пожарот.