МВР потврди: Дојави за бомби во седум училишта, трговски центри, Транспортен центар

СВР Скопје потврди дека утрово се пристигнати голем број на дојави за бомби низ главниот град на Македонија, и тоа во седум средни училишта, неколку трговски центри и други локации.

-Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.

Антитерористички екипи се на терен и ги проверуваат заканите.