МВР: Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ја информира дека поради одржување на протест, денеска со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчињски“ во Скопје.

Од МВР посочуваат дека исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

„Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на ул.„Филип Втори Македонски“, кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“ и право по бул.„ВМРО“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, се вели во соопштението.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.