МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило во Крива Паланка

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово - Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.

По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава.