МВР планира да потроши 10 милиони денари за сувомеснати производи

Министерството за внатрешни работи планира да потроши 10.000.000 денари за сувомеснати производи, објави Економски.мк.

Имено, на официјалната страна за Јавни набавки стои оглас во кој под назив на договорниот орган е Министерството за внатрешни работи. Министерството планира да изврши набавка на сувомеснатти производи.

Во делот проценета вредност на договор без ДДВ  сумата  изнесува  10.000.000 денари која  претворена во евра изнесува 162 илјади евра. Ова не е прв пат институциите на Република Македонија да трошат огромни суми на пари на граѓаните за сопствен луксуз, пишува порталот.

Исто така, на 15-ти  овој месец истото министерство односно Министерството за внатрешни работи имаше објавено оглас за конзервиран зеленчук во износ од 81 илјади евра.