МВР открива: Каде и кога најчесто се случуваат кражбите во Скопје?

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи опшините Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба статистички се локациите каде најчесто се случуваат кражби на територија на Скопје. Најчесто кривичните дела се случуваат за време не летните и зимски одмори. Станови, куќи, викендици и паркирани возила се најголема мета на крадците во Скопје.

Бројот на кривични дела кои се извршени од овој тип е намален во 2018 во споредба со претходната година, потврдуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи во рамките на своите надлежности, превзема мерки и активности во насока на превенција и на едукација на граѓаните околу кривичните дела. Меѓу другото, одделението за превенција при СВР Скопје изминатиот период имаше активности за реализација на  проектот “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”. Основната цел на проектот кој што кампањски се спроведуваше во соработка со локалните совети за превенција беше подобрување на општата безбедност на граѓаните и нивниот имот, односно преземање на превентивни мерки и активности за подигање на свеста кај граѓаните и споделување на одговорноста во насока на превенирање на тешките кражби во патничките моторни возила.

Инаку по однос на превентивните активности во сите Сектори за внатрешни работи егзистираат одделение за превенција кои работат согласно сопствени планови и проекти во областа на превенцијата вклучително и во делот на овој вид криминалитет. Тие, исто така, а во тесна соработка со Локалните совети за превенција во рамки на редовните средби и комуникација со претставници на локалните власти и граѓаните во локалните средини, изготвуваат заеднички проекти за запознавање, информирање и едукација на граѓаните околу сите аспекти важни за заштита на нивниот имот и материјални добра, се вели во информацијата од МВР.