МВР: Од денеска кандидати за полицајци ќе се обучуваат да го регулираат сообраќајот на скопските крстосници

 

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеници, во периодот од 09.00 – 15.00 часот на 20, 21, 22, 27, 28 и 29 мај на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидати за полициски службеници заедно со четворица сообраќајци ќе реализираат практична обука за физичко регулирање на сообраќајот.

„Секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути“, појаснуваат од МВР од каде апелираат граѓаните и возачите да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.