МВР објави видео од синоќешните акциски контроли во угостителските објекти и агенциите за обезбедување

МВР го објави видеото од вчерашната акција во која се вршеше контрола над угостителски објекти, кафани, ноќни клубови како и агенции за обезбедување кои ги заштитуваат. 

Во акцијата на МВР биле ангажирани припадници на специјалните полициски единици, како и голем број на инспектори од различни државни инспекциски служби.

За резултатите од акцијата МВР дополнително ќе информира на прес конференција која ќе започне за половина час.