МВР објави јавен оглас за вработување

Врз основа на законот за вработени во јавниот сектор и законот за работни односи Министерството за внатрешни работи денес објави оглас за вработување на 5 лица.

Според информациите објавени во огласот МВР на неопределено време вработува 4 работници за Скопје и еден за Куманово.

Плата изнесува 16,500 денари, а кандидатите треба да ги исполнуваат условите пропишани во законот. Целиот оглас може да го погледнете тука.