Вчера во Скопје се одржа протест организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа на кој граѓаните побараа да се стави крај на преговорите за името. На протестот биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија, информираат од МВР.

Вчера во 18.00 часот во Скопје пред седиштето на ЕУ, започнал протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа, кој подоцна собирот продолжил и пред Собрание на РМ.

За време на вчерашниот протест кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница. При преземање мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје  биле пронајдени пет шишиња со запалива течност, а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија, се вели во соопштението на полицијата.