Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска со апел полицијата да излезе со став за истрагата по исчезнатото девојче во центарот на Скопје.
- МВР мора да излезе со базична информација за Вања, толку колку што може да ја информираат јавноста, без да наштетат на истрагата. Вака, оставена е можноста секакви будали да шират дезинформации и стравови за Вања и нејзиното исчезнување.
Исто така, МВР МОРА да излезе и да информира што прави за да ја зголеми безбедноста на скопските улици, посебно околу училиштата и да ги смири родителите кои секое утро ги пуштаат децата да одат на училиште и да поминат 300 метри сами - тоа што пред некој ден личише за сигурно и безбедно, а сега предизвикува страв и постојан трепет кај секој што има во своето потесно или пошироко семејство малолетни деца, вели таа во својата фејсбук објава.
Алармира дека граѓаните во овој дел на Центар се во постојан страв, а хоророт продолжува.
- Јавноста мора да е информирана и да биде колку толку смирена дека безбедноста на скопските улици е подигната барем за еден степен. Она што се случуваше низ Дебар Маало, продолжува да се случува и за жал не гледаме разлика. Самитот помина, а нам на обичните граѓани ни остана горчливиот вкус на страв, несигурност и постојана мисла за Вања и желба дека ќе биде најдена што побрзо и овој хорор наскоро ќе заврши.