МВР ќе спроведува кампања за спречување кражби

Министерството за внатрешни работи и Општина Центар, ќе реализираат кампања за подигање на свеста и спречување на кражби во автомобилите. 

Почнувајќи од денес, ќе се спроведуваат активности како дел од кампањата „Не оставајте вредни предмети во вашите возила“. Активностите ќе почант на улицата „Народен фронт“ во скопската населба Капиштец. Заедно со Општина Центар, во наредните два месеци ќе се организираат тематски средби, ќе се дистрибуираат летоци и низа други активности поврзани со иницијативата. 

Основната цел на кампањата е да се подигне свеста кај граѓаните и да се подигне општото ниво на безбедност. Кражби и провали во последниот период го привлекоа вниманието на јавноста, па МВР се реши да ја спроведе кампањата со цел превнција на истите. 

Кражбите се случуваат постојано, особено во урбаните градски подрачја на големите и несоодветно осветлени и обезбедени паркинзи. Изминатото лето актуелни беа и провали во становите, по што Општина Центар, самоиницијативно спроведе слична кампања.