МВР ќе издава документи во две смени

Министерството за внатрешни работи информира дека започнувајќи од вчера заклучно со 31.08.2017 година Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот.

Од МВР информираат дека покрај можноста што продолженото работно време ја отвора, граѓаните да може потребните документи или уверенија да ги вадат и по работното време, поради зголемениот обем на работа се воведува уште една измена за да им се олесни на граѓаните.

Така, отсега проверката дали на возачот му е изречена забрана за управување со моторно возило, постапка што е потребна за вадење меѓународна возачка дозвола, ќе може да се врши и на шалтерите на МВР во станиците за технички преглед.