МВР ќе ги гони лихварите, граѓаните можат да пријават анонимно

Министерството за внатрешни работи започна со нова акција, против лихварите, а граѓаните ќе можат своите сознанија и искуства да ги пријават анонимно. 

Ова е само еден дел од новозапочнатите оперативни акции, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните. 

Оваа акција има за цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство.

Граѓаните можат да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201  и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.