МВР казни 150 возачи

Во текот на вчерашниот ден, како дел од акцијата на засилени контроли од областа на сообраќајот, на Министерството за внатрешни работи, на територијата на градот Скопје беа изречени вкупно 150 казни. Од нив 58 беа за брзо возење, 10 за возење без возачка дозвола, 6 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Според извештајот на МВР, изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал, односно црвено светло, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Засилените акциски контроли продолжуваат“, информираа од МВР.