МВР: Казнети 370 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 370 санкции, меѓу кои 55 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 62 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 54 за возење без возачка дозвола, а 23 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.