МВР ја објави потерницата по Филип Секуловски, осомничен за убиството на фудбалерот Јанушев

МВР ја објави потерницата по 25-годишниот Филип Секуловски, осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.

Во листата потраги, покрај сликата од Секуловски и личните податоци не е наведено за кое дело се бара осомничениот. По Секуловски се трага со меѓународна потерница, откако минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека полицијата има несоборливи докази дека Ф.С. е сторителот на убиството.

Филип Секуловски е осуденик, кој бил пуштен на слободен викенд и не се вратил на доиздржување на затворската казна.

Мартин Јанушев беше застрелан со неколку куршуми во главата, пред влезот на зградата на неговиот дом во скопски Аеродром. Убиството се случи на 3 ноември.