МВР ја објави конечна ранг-листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

МВР ја објави конечна ранг-листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“.

- Ги известуваме учениците кои се примени согласно објавената ранг листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се повикуваат на 1. септември 2026 година во 10:00 часот да бидат присутни во Полициската академија на МВР во Идризово заедно со еден родител/старател/законски застапник по закон со документ за идентификација, за потпишување на Договор за школување. Во Полициската академија учениците ќе престојуваат до 4 септември 2026 година до 15:00 часот, соопштуваат од МВР. 

Поради интернатско сместување на учениците, истите е потребно да си понесат облека, спортска облека, средства за лична хигиена и други лични средства, но не и вредни лични предмети.

- Напоменуваме дека примените ученици е потребно да се отпишат од средното училиште каде биле редовни ученици, како и да побараат да бидат отпишани од ЕМИС ЕСАРУ системот за е-дневник. Ранg листата на примени кандидати е официјално објавена и во Средното полициско училиште, соопштуваат од македонската полиција. 

Линк до конечната ранг листа на веб страната на МВР