МВР изрече 6 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила во Скопје за еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15, 10 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол, 15 прекршоци што ги чинат пешаците. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.