МВР: Исчезнатата медицинска сестра Даниела Пецевска пронајдена мртва во реката Вардар

Триесет и девет годишната Даниела Пецевска од Скопје, која беше исчезната и по која се трагаше со денови, вчера околу 13 часот била пронајдена мртва во водите на Вардар во Горно Лисиче, потврди полицијата.

Врз нејзиното тело немало траги на насилство, но се испитуваат причините за смртта, велат од Министерството за внатрешни работи.

Медицинската сестра Пецевска исчезна во понеделникот. Нејзиниот сопруг и блиските и преку социјалните мрежи бараа помош. Се објавија шпекулативни вести дека деновиве била видена во Битола.

Таа била вработена како медицинска сестра во Клиниката за гинекологија во Скопје, мајка на три деца.

cheap nike free run 5.0