МВР: Дојава за бомба во НБРМ и во 9 средни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи со информации за нови дојави за бомби во девет средни училишта во Скопје.

Имено, од МВР велат дека утрово околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека дојава за бомба утрово имало и во Народната банка.

-Денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ  било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во соопштението на МВР.