МВР дискриминирале свој вработен, не го унапредувале, поништувале огласи, вработиле ренгенолог само за тој да не ја добие позицијата

Комисијата за заштита на дискриминацијата утврдила директна дискриминација на МВР врз свој вработен. Вработениот се жалел дека како вработен на синдикатот во рамки на МВР врз него се спроведувало повеќегодишна дискриминација.

Вработениот во својата претставка како пример го дал интерниот оглас што бил распишан за раководител на ГП Блаце. Иако тој ги исполнувал условите како Marистер по правни науки со 300 кредити според ЕКТС каде за тоа работно место се барало кандидатот да има правен факултет, економски или факултет за безбедност на негово место бил примен ренгенолог со завршен факултет за радиологија.

Комисијата препорачала огласот да биде поништен и повторно да биде распишан. МВР ги исполнило препораките на Комисијата и го поништиле огласот и распишале нов. Вработениот повторно се пријавил при што од Комисијата за унапредување во релација со Началникот на РЦ Север повторно не бил унапреден иако бил единствениот кандидат што ги исполнувал условите.

Комисијата за унапредување и распоредување на МВР на огласите каде што дискримираното лице не се пријавило донело исти одлуки додека на другите огласи не извршило избор се со цел огласот да пропадне. На работата позиција за која што тој конркурирал претходно од 23.01.2024 година за раководител на ГП Блаце било избрано лице што воопшто не се пријавило на огласот, туку директно било распределно од страна на началникот по дури 1 месец од завршување на огласот.

 Во одоговорот на МВР до Комисијата ги потврудваат овие наводи на подносителот на претставката и тие тврдат дека дел од огласите поништиле, додека за дел не е избран ниту еден кандидат. Во врска со унапредувањето на друго лице тие тврдат дека се е законски и дека целиот процес е извршен во транспаратента постапка.

Комисијата за заштита од дискриминацијата утрврдила директна дискриминација од страна на МВР кон својот вработен и му препорачува на МВР да ги поништи огласите и да ја спроведат постапката со важечките правни прописи притоа почитувајќи го принципот на еднаквост и недискриминација.