МВР денеска на мејл добиле лажна дојава за поставени бомби во повеќе скопски училишта

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека лажна била дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје.

„Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата“, велат од МВР.

Од таму посочија дека при превземените мерки, утврдено било дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби.