МВР: Дадилката е 59-годишна жена која сега е под истрага

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен на настани информира дека вчера во 15:57 часот полициски службеници ја уапсиле Ж.П.(59) од Скопје.

Дадилката, која поради напад на дете ги разгоре социјалните мрежи, била приведена по пријава од  М.А., сопственик на угостителски објект каде Ж.П. го извршила нападот.

-Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете. По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.