МВР целосно ги демантираше тврдењата на Мицкоски

Денеска, МВР целосно ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег. 

„Полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје. За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат со ширење на дезинформации“, истакнаа од МВР. 

Тие исто така потенцираа дека во видеото точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагирале и спречиле да настане поголем инцидент.