МВР: 57 санкции за брзо возење, 20 за возење под дејство на алкохол

Во рамки на засилените полициски акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи.

МВР информира дека се изречени и 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.