МВР: 26 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 5-ти до 11 септември Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, при што санкционирани се 26 учесници во сообраќајот.

Ккао што информираат од Министерството за внатрешни работи, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и спелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.