МВР: 24 угостителски објекти не ги спроведувале мерките против ковид-19

Министерството за внатрешни работи информира дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат од почнувањето со работа на угостителските објекти до сега извршени се контроли на вкупно 2.184 објекти при што е констатирано дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада.

Од вкупниот број контроли, 1.573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).

Од МВР додаваат дека понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

МВР исто така апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.