МВР: 170 санкционирани возачи во Скопје

Полицијата во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изрекла вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Како што информира МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник…

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за  поголема безбедност во сообраќајот.