Музички изведби, претстави, спортски активности за одбележување на Детска недела во Општина Центар

Ќе се одбележува детслата недела во Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на официјалната Фејсбук страница ја објави програмата за одбележувањето на Детската недела, почнувајќи од понеделник.

-Со музички изведби, претстави, спортски и хип хоп активности од понеделник ја одбележуваме детската недела. Децата се нашето најдрагоцено, да ги поттикнуваме, поддржуваме, правилно воспитуваме за утре да се гордееме на нивните успеси. Да ја погледнеме програмата на учениците и децата од градинките во Паркот на Франкофонијата и да им покажеме дека го цениме нивниот труд и дело - напиша Герасимовски.