Mузејот на ВМРО да остане само Музеј на македонската борба за самостојност

Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојнос/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ донесе одлука, досегашниот назив на оваа наша национална установа да се скрати и да се преименува во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“.

Најважно во препирките е да не се затвори музејот, туку само да се скарти неговото име. Да се преуреди во музеј што ќе обрне внимание на сегашноста и на иднината.

Работната група беше формирана на 13 март врз основа на решение издадено од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

Во извештајот се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Закон за буџет и Закон за спороведување на буџет, Закон за музејска дејност, Закон за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање на партиски митови.