Муртезани: Ќе продолжи трендот на заминувања од АА на Таравари, револтот е многу голем

Случувањата во Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Таравари се знак дека одлучноста на структурите таму и спремноста е многу поголема да не завршат во прегратките на Али Ахмети, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на прашањето дали има најави за други пратеници кои може да се приклучат кон Коалицијата Вреди.

„Според наши неофицијални информации, тие ќе продолжат и револтот кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери таму е многу голем. Така да, да почекаме и наредните денови. Мислам дека тој тренд ќе продолжи“, изјави Муртезани, кој доаѓа од редовите на Алтернатива.