Мундијалот е на дофат: Фуриозна Македонија - Романија на „колена“

Македонските ракометари успешно ја завршија домашната задача и се чекор поблиску до пласман на уште еден ракометен мундијал, вкупно шести, четврти по ред за оваа генерација.

Во првиот натпревар од баражот за СП 2019, Македонија на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ ја победи Романија со 32-24 и со голема резултатска и психолошка предност патува на реваншот што ќе се одигра на 13 јуни во Клуж.