Мухамед Зекири можен кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири е еден од можните кандидати за градоначалник на Скопје, пренесува весникот Фокус.

За градоначалничката фотеља во Скопје од СДСМ засега се вртат имињата на тројца кандидати меѓу кои Зекири, Петре Шилегов, кој е исто така пратеник од владејачкото мнозинство, како и Дамјан Манчевски, кој во моментот е министер за информатичко општество и администрација.

Исто така изворите на весникот тврдат дека Зекири најдобро стои на анкетите што се спроведени во Чаир, како можен кандидат за градоначалник на оваа скопска општина, каде би добил поддршка и од „интегративците“.