Мудростите на Карл Густав Јунг: Без љубовта ништо не е можно

Ученикот на познатиот Сигмунд Фројд, Карл Густав Јунг, ја дефинирал мудроста со чија помош ќе можете подобро да се разберете себеси, да ја проширите свеста и полесно да достигнете среќа и цел во животот. 

Еве некои од неговите мудрости:

„Средбата на две личности е како контакт на две хемиски состојки: ако постои реакција, двете се менуваат.“

„Она на што се спротиставуваш – опстојува“.

„Најтешкиот товар кој лежи на рамената на децата е непроживеаниот живот на родителите.“

„Знаењето не се заснова само на вистината, туку и на грешките.“

„Ти си она што го правиш, а не она што велиш дека ќе го направиш.“

„Без љубовта ништо не е возможно. Љубовта го става човек во расположение да ризикува.“

„Во целиот хаос постои универзум, во целиот неред – скриен ред.“

„Осудувањето не ослободува, туку гуши.“

„Твојата визија ќе стане јасна дури кога ќе погледнеш во срцето. Оној кој гледа внатре во себе е буден.“

„Вашиот поглед ќе стане јасен само кога ќе можете да погледнете во душата.“

„Креативна сила многу лесно може да стане деструктивна. Сè зависи од моралот на личноста“

„Осаменоста не се отсликува со отсутноста на луѓето околу нас, туку неможноста за разговор со нив за она што ни значи.“

„Познавањето на сопствената мрачна страна е најдобар метод за разбирање на мрачните страни.“

„Онаму каде што владее љубовта, нема волја за владеење, а онаму каде што владее моќта, недостасува љубов.“

„Ако човек не ја разбира другата личност, тој ќе тежнее кон тоа да ја смета за будала.“

„Тажната вистина е дека човековиот живот се состои од еден куп непомирливи спротивности – ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Ние дури и не сме сигурни и дека едното ќе надвладее над другото, дека доброто ќе го победи злото, а радоста ќе ја сузбие тагата.“

„Не го задржувај она што си заминува од тебе, затоа што нема да дојде она што доаѓа кон тебе.“

„Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што сум одлучил да бидам.“

„Она што ве иритира кај другите, може да ве доведе до тоа да се разберете себеси.“