Мудроста на самураите: Не дозволувај да те допрат зависта, злобата и навредите!

Самураите освен тоа што биле посветени војници, имале и цела филозофија на живот. Тие биле познати како мудри луѓе полни со хармонија и спокој. Навистина можете многу да научите од нивната мудрост. Со таа цел ви ја претставуваме оваа приказна. Извлечете ја поуката од приказната, таа навистина може да ви помогне!

Еднаш си живеел еден стар, мудар самурај. Имал своја група на ученици и ги учел разни мудрости и боречки вештини. Еден ден, за време на обуката, му пришол еден млад воин, кој бил познат по својата грубост и суровост.

Неговата омилена тактика била провокацијата: го навредувал соперникот кој најчесто го губел трпението, го прифаќал предизвикот, но поради бесот постојано грешел и секако, на крајот ја губел борбата.

Тоа се случило и овој пат: воинот изговорил неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот, кој мирно продолжил со предавањето.

Ова се повторило неколку пати. Кога видел дека самурајот воопшто не реагира, воинот луто ги напуштил предавањата.

Останатите ученици внимателно и со интересирање ја набљудувале оваа ситуација. Откако воинот си отишол, еден од нив прашал:

  • Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!

Мудриот самурај одговорил:

  • Кога некој ќе ви донесе подарок и вие го одбиете, каде ќе заврши подарокот?
  • Кај својот сопственик! – одговориле учениците.

И тогаш тој им рекол:

  • Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Се додека не ги прифатите, тие припаѓаат на личноста која ги донела со себе.

cheap nike free run 5.0