Понекогаш е доволен само еден цитат за да нè разбуди, да ни покаже нова перспектива или да ни понуди утеха кога најмногу ни треба.
Photo by cottonbro studio
Ирвин Д. Јалом, преку својата психотерапевтска работа и книги, го направи токму тоа – ги допре душите на луѓето ширум светот. Во продолжение споделуваме неколку од неговите најмудри цитати кои го носат ехо-то на длабоко разбирање за човечката природа.
„Тоа што не е кажано никогаш не умира.“
Овој цитат зборува за тежината на нејасноста, за чувствата што ги чуваме во себе, за зборовите што не ги изговоривме. Во тишината се кријат најгласните болки. Искреноста кон себе и другите често е првиот чекор кон исцелување.
„Избери да бидеш љубопитен, но не осудувај ги другите.“
Совет што може да го промени начинот на кој се гледаме себеси и другите. Наместо да судиме, да прашуваме. Наместо да критикуваме, да се обидеме да разбереме. Љубопитноста е вратата кон емпатија.
„Секој човек мора да измисли смисла на својот живот.“
Никој друг не може да ни ја даде конечната дефиниција за зошто постоиме. Тоа е нашата лична задача – да ја создадеме, да ја откриеме, да ја изградиме од љубов, искуства, и болки.
„Можеш да избираш како ќе живееш. Тоа е најголемата слобода.“
Секојдневно нè обземаат обврски, рутина, туѓи очекувања. Но, Јалом нè потсетува дека секогаш имаме избор – барем за тоа како ќе се однесуваме, што ќе дозволиме да допре до нас и како ќе ја моделираме сопствената приказна.
„Справувањето со смртта значи справување со животот.“
Стравот од смртта често е страв од незивеан живот. Кога се соочуваме со сопствената смртност, нè обзема желбата да живееме поавтентично, да сакаме посилно, да бидеме поприсутни.
„Биди транспарентен – тоа е најдобриот пат до вистинска врска.“
Во ера на маски и филтрирани животи, автентичноста е револуционерен чин. Да бидеме вистински – во односите, во љубовта, во болката – тоа е патот до поврзаност што лекува.
„Единствениот ѕид што не можеш да го прескокнеш е оној што самиот си го изградил“
Колку често самите си стоиме на патот? Преку страв, вина, или старите приказни што ги носиме од минатото? Овој цитат е повик за слобода – од сопствените ограничувања.