Мудрите зборови на мојата баба

Јас бев едно од оние деца што израснаа со својата баба.

Таа ме чуваше постојано додека моите родители беа отсутни. Ми ги исполнуваше сите мои желби за убав појадок, ме испраќаше и чекаше од училиште и ми кажуваше приказни за добра ноќ.

Освен тоа, често и ги кажував своите тајни, а таа ми ги даваше најдобрите совети кои уште ги паметам.

Гордоста не треба да постои со луѓето кои ги сакаме

Можеме да бидеме лути, бесни и најгорди на светот, но кога сакаме некого, секогаш треба да забораваме на гордоста. Не треба да дозволуваме таа да нè држи како заложници и да нè оддалечува од нашите најблиски кои ни значат најмногу на светот.  

Простувањето е незбежно

Луѓето ќе нè повредуваат повеќепати во животот. Тоа не можеме да го избегнеме. Но, можеме да научиме како се носиме. Не треба да забораваме, но не треба ниту пак да бидеме цврсто врзани за минатото. Некои луѓе заслужуваат прошка, особено ако ненамерно нè повредиле.

Никогаш не знаеме низ што минуваат другите

Секој од нас се носи со својот товар на свој начин.  Не можеме да ги осудуваме луѓето, можеби само треба да се потрудиме да им помогнеме. Што ќе постигнеме ако ги осудуваме? Ништо.

Не можеме да и избегаме на судбината, но сепак голем од нашиот живот зависи од нас

Мојата баба веруваше во Бог и сметаше дека тој е силата која ги креира нашите животни патишта. Но, таа цврсто веруваше дека треба да се избориме за она што сметаме дека го заслужуваме. Ништо нема да ни падне од небо, ако не се потрудиме, велеше таа.

Најсреќни се оние луѓе кои не размислуваат премногу

Можеме да седиме и да жалиме за она што се случило, или пак да продолжиме напред. Било како било, беа нејзините зборови, а таа продолжуваше натаму со насмевка на лицето.