Мудриот совет на баба: „Започни со мали чекори“

Ниту еден степен на образование не го дава тоа вистинско и драгоцено знаење како она што ни го даваат нашите мудри баби. 

Еднаш мојата баба ми даде многу добар совет:

„Ако ти е тешко, започни со мали чекори. Прави го она што мораш, малку по малку. Не гледај во иднината. Не размислувај, дури ни за тоа што ќе се случи утре. Измиј ги садовите, избриши ја прашината. Напиши писмо. Направи ручек.

Гледаш? Почнуваш со мали чекори. Ти направи чекор, па застана, па се одмори, па се пофали себеси. Потоа одиш со вториот чекор. Потоа го правиш и третиот. 

Нема ни сама да забележиш како твоите драгоцени чекори стануваат подолги.

Ќе дојде време кога ќе можеш да помислиш на утрешниот ден без да пуштиш солза.“