Мудри зборови: Се насмеав, па ми рекоа зошто си несериозен...

Се насмеав, па рекоа: Зошто си несериозен?
Заплакав, па рекоа: Зошто не се смееш?
Се насмевнав, па рекоа дека се преправам пред другите. Се намуртив, па рекоа: тежок намќор.
Молчев, па рекоа дека не знам да зборувам.
Проговорив, па ми рекоа дека многу зборувам.
Простив, па ми рекоа дека сум слаб и кукавица, затоа што ако сум бил во состојба ќе сум се одмаздел.
Возвратив на неправдата, па рекоа дека тоа е заради злобата во мене, да сум бил праведен не би бил таков.

И така сфатив дека колку и да го посакувам човечкото одобрување, јас морам да бидам критикуван, затоа што одобрувањето на луѓето е цел до кој не можеш да стигнеш.