Мудра приказна: Зборовите кои лечат...

Еднаш еден свет отишол да шета во природа и додека минувал низ едно мало село, му пришла една жена која плачела на глас, молејќи го да дојдеа со неа за да му помогне на болното дете. Отишол во селото и сите се собрале околу него, затоа што присуството на таква личност било реткост на тоа место. Му го донеле болното дете, а тој над него изговорил една молитва.

Еден од насобраните луѓе му рекол: „Дали навистина мислиш дека твојата молтива ќе му помогне, кога ни зборовите на лекарите не успеаја?“

Тој му рекол: „Што знаеш ти за овие работи? Ти си една обична будала!“ 

Човекот се налутил и неговот лице поцрвенело и почнал да се тресе. Во моментот кога сакал да му каже нешто на старецот, тој му пришол и му рекол: „Ако еден збор има толкава моќ да те направи толку лут и црвен, зошто некој друг збор не би имал моќ да излечи?“

И така тој ден, светецот излечил двајца луѓе.