Мудра приказна: Клучот за успехот лежи во една работа која многу често ја забораваме

Еден бизнисмен се нашол во долгови преку глава и во својот очај, никако не успевал да најде решение за својата ситуација. Земал повеќе кредити, се позамјмувал пари од кого стигне, а сега сите ги сакале назад парите кои тој ги немал.

Еден ден излегол да прошета во паркот, со надеж дека тоа ќе му ги оттргне мислите, но тоа го направило уште поочаен. Размислувал за сите начини како да се спаси од банкрот, а тогаш еден старец му пристапил и му рекол:

„Гледам дека нешто ве мачи. Можеби ќе ви биде полесно ако си ја олесните душата?“

Очајниот бизнисмен му ја раскажал својата ситуација, а старецот молчел и ниту еднаш не го прекинал. Кога бизнисменот прекинал, старецот му рекол:

„Мислам дека можам да ви помогнам.“

Го прашал бизнисменот како се вика. Овој му кажал, па тогаш старецот извадил чек, го запишал името на бизнисменот и му го дал чекот.

„Земете ги овие пари. Ќе се најдеме овде точно за една година и тогаш ќе  ми ги вратите парите.“ – рекол старецот и си отишол пред бизнисменот да каже било што.

Погледнал во чекот – старецот му дал 500.000 долари, а името на старецот бил Џон Рокфелер, еден од најбогатите луѓе на светот.

Бизнисменот си рекол: „Можам да ги решам сите проблеми за една секунда“, но наместо тоа, го ставил чекот во сеф. Доволно му било тоа што знаел дека во сефот постои решение за неговиот проблем, па сега можел да се обиде и сам да се извлече од сите проблеми.

Охрабрен од заштитната мрежа која ја имал во сефот, успеал повторно да застане на нозе. За половина година успеал да ги врати долговите, а потоа почнал и да заработува. По една година, се вратил во паркот со чекот во рака.

Во закажаното време, старецот навистина се појавил. Во моментото кога бизнисменот тргнал кон него за да му се заблагодари и да му го врати чекот, позади старецот се појавила медицинска сестра.

Сестрата рекла: „Толку ми е драго што ве пронајдов. Се надевам  дека не ви пречел. Знае да избега од болница  и да им кажува на луѓето дека е Рокфелер!“

Бизнисменот останал вчудоневиден. Цела година мислел дека го има магичното решение во сефот, решение кое ќе го спаси од можна пропаст, а во суштина немал ништо!

Тогаш сфатил дека не се парите, вистински или не, тие кои направиле пресврт во неговиот живот.

Новостекнатата самодоверба му направила пресврт во животот!