Муцунски за Силјановска Давкова: Македонија ќе добие жена претседател - интелектуалец со искуство, углед и кредибилитет

Градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се огласи по повод кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија на претстојните избори. 

- Македонија ќе добие нов претседател на државата, жена која е интелектуалец со богато искуство, домашен, меѓународен углед и силен кредибилитет. Гордана Силјановска Давкова е мојот избор, а убеден сум дека таа ќе биде изборот на граѓаните!

Професорката Силјановска ја познавам долго. Таа е одмерен политичар, која во изминатиот период имаше важна улога како пратеник во Собранието на Република Македонија, нештедејќи се себе си во споделувањето на стручното мислење и научното искуство за важните политички процеси низ кои минуваше Македонија, пишува Муцунски. 

- Станува збор за искусен професор со кредибилитет и интегритет кој ужива почит во домашната и меѓународната јавност. Убеден сум дека професорката Гордана Силјановска одлично ќе ја води државата, водејќи сметка пред се за националните интерес, а потоа и за интегративните процеси низ кои во следниот период ќе поминува државата, вели тој за својата сопартијка.