Муцунски за „Генералка Викенд“: Аеродром е европска, зелена и чиста општина, пионер во делот на политиките за животната средина

-Oпштина Аеродром е најзелена општина во Македонија и ние секоја можност ја користиме да инспирираме промени и да повикаме на единство во остварување на заедничкиот интерес - чиста, зелена и здрава животна средина. Во насока на остварување на оваа цел, денеска на повеќе локации низ Аеродром се одржа традиционалниот настан „Генералка викенд“, што претставува масовна акција за чистење на животната средина, но и подигнување на свеста за соодветно одлагање и управување со отпадот, информираа денеска од општина Аеродром. 

Поддршка на акцијата даде и градоначалникот Тимчо Муцунски кој заедно со ученици од „Лазо Ангеловски“ се вклучија во онлајн разговор каде зборуваа за денешното чистење во Аеродром, проектите насочени кон подобрување на животната средина, едукација на најмладите, реализација на еко проекти и потребата за одговорност кон средината која живееме.

-Општина Аеродром е пример за одржливост и пионер во делот на политиките поврзани со животната средина. Со активното вклучување во „Генералка викенд, но и со поддршката на други вакви настани ги потврдуваме заложбите за зелена, чиста и европска општина, порача првиот човек на општината.