Муцунски: Суперкупот освоен, сега на ред се успесите во јадранското првенство

МЗТ Скопје Аеродром го одбрани трофејот во македонскиот Суперкуп, откако пред исполнетата сала во СРЦ „Кале“ го победи ТФТ со 100:82.

Ова е вкупно петти трофеј во Суперкупот за „штрковите“ од Аеродром.

Поддршка добија и од градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој на својата официјална Фејсбук страница, им го честита освојувањето на трофејот.

-Шампионски старт на сезоната, како што доликува. Доминација на теренот и голема поддршка од трибините. Овој трофеј претставува мотивација за успешен старт во АБА лигата. Суперкупот е освоен, сега на ред е да редиме успеси во јадранското првенство. Браво шампиони - напиша Муцунски.