Муцунски со честитика за Илинден: Секоја генерација си има свои битки, па така и нашата

Градоначалникот на најголемата скопска општина, Аеродром, Тимчо Муцунски упати честитка по повод денешниот празник. 

-Честит Илинден Македонијо! Илинденците со својата жртва го подготвија патот на партизаните, а преку нивното дело стигнавме до независна и суверена Република Македонија. Секоја генерација си има свои битки, па така и нашата. Само со патриотски одлуки можеме да го продолжиме патот на нашите предци, но и да обезбедиме подобра иднина за нашите поколенија.

Борбата за Македонија продолжува, честит Илинден! - стои во честитиката од Муцунски.