Муцунски: Силна и принципиелна поддршка од Ирска за нашиот европски пат

Министерот за надворешна работа и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот Парламент.

Изразив благодарност за силната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување на Европската Унија и на нашиот европски пат, објави тој.

Разговаравме за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што ја истакнав посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите, додаде во објавата Муцунски.

Потенцирав дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот, истакана министерот Муцунски.