Муцунски се сретна со тројца спортисти кои освоија пет медали во Словенија

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска се сретна со тројца успешни спортисти кои на првиот турнир кој се одржа во Словенија освоија пет медали, од кои три златни, еден сребрен и еден бронзен.

Нинослав Саботковски освои златен медал во категорија до 85кг, Емил Климовски златен и бронзен медал во категорија до 120кг, како и Дарко Тасевски кој освои златен и сребрен медал во категоријата до 94кг. Сите тројца се членови на на Џиу Џицу клубот House of Grappling Arts.

-Денеска во просториите на Општина Аеродром, повторно се говореше за спортски успеси постигнати на меѓународно ниво. Се радувам поради ова и за мене вистинско задоволство беше денешната средба со тројца успешни спортисти кои на првиот турнир кој се одржа оваа сезона во Словенија освоија три златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал.

Нинослав Саботковски освои златен медал во категорија до 85кг, Емил Климовски златен и бронзен медал во категорија до 120кг, како и Дарко Тасевски кој освои златен и сребрен медал во категоријата до 94кг. Сите тројца се членови на на Џиу Џицу клубот House of Grappling Arts.

Горд сум на успесите кои спортистите од Аеродром ги остваруваат во меѓународните и домашните првенства, не само во спортот, туку и во сите останати области. Наша обврска како локална самоуправа е да ги поддржуваме младите таленти и поради тоа Општина Аеродром останува посветен партнер и верен поддржувач на сите спортисти и спортски клубови кои се амбасадори на општината во Македонија и странство, стои во објавата на градоначалникот на општина Аеродром.